плоден прид.

плоден (прид.)

Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
В плоден лес сив молчелив камен зреел вишнеел корен остер нож да чува за црнините.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
В плоден лес камен рожба да е да зрее и црно нешто да го покрива и цут на гранки и нож по тоа да вишне на врв на ножот птица да починува без тебе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А кајшто е коријата над селото имало седум кладенци со бистри води што ја напојувале плодната земја.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Таа има моќ на убедување и секое нејзино движење, секој нејзин збор, секој поглед паѓаат на плодна почва...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За среќа, старосната граница се продолжува, плодниот период стартува и трае подолго. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Искачи се на врв- себе и повлечи се во подножјето има плодни почви јаболка кои мирисаат на магдонос и нане поради долгиот престој во ист сад зборови кои се припикнуваат во пазувите -мажјаци скокотливи, полнозначни, семеносни- глетки кои трчаат по тебе како верни загари времиња кои те опоменуваат обѕрни се, објави се но не застанувај што погоре, толку подоле она што во себе го имаш единствено го имаш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На тој ден стана обичај луѓето да му врзуваат мартинки на добитокот: да не куца, да не се шине, да не му се јадат копитата, да не буца со роговите, да не фаќа дрскосерец, да е плоден.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Извор вода извираше плодно поле наливаше - плодно поле род народи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со мислите се веќе таму, во бригадите, кај што се бие страшен бој, кај што стануваат чуда, се уриваат карпи и брегови, а мочуриштата како лопата некој да ги црпи, ги снемува од плодното поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега знаеше дека сите тие дискусии биле само навидум плодни, а всушност биле јалови, испостени како влажна земја на која со години се садел ориз, па сега не може да прими ништо друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И заедно тргнаа низ плодната нива, под сѐ поведрото небо, на својата обработена земја покрај длабоката река.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Околу Езерото на Преспа - така го нарекле во тие дамнешни времиња - имало доста плодна земја за бавчи и нивчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе