плодоносен (прид.)
И во рустичниот пејзаж врежале зелен музеј за да го покажат можниот скок на земјата од дрвено рало и копач, до плодоносните тераси на ридовите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од југ доаѓаше млака топлина, плодоносен здив од кој селанската крв се смирува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ти благодарам што ми ги отвори очите: та нели и најмалите нешта не смеат да се понижуваат, нели животот е мозаик во кој без едно единствено камче нема целина плодоносна?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)