побегне св.

побегне (св.)

Зар може да се побегне тукутака од девојката од која неодамна не можеше да се одвои ни за прст!?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некои од младите мажи се обидоа да побегнат уште неврзани и паднаа од јатаганите и пиштолите на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно се нашла меѓу терачите и ловџиите и некако побегнала да се засолни кај нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И тогаш многу се уплашив да не ми дојде да го пуштам да побегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во тие денови сакав да побегнам некаде од куќата, сакав да отпатувам некаде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Спахиите можеа да ги вратат назад, а можеше и да се случи тие што ќе си дојдат по нив да ги земат на подбишега дека од страв од Турците побегнале од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас не побегнав, но гледав неосетно, незабележано да се извлечам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Затоа на нивното око ништо не можеше да им побегне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога дојде на третиот ден изгледаше малку поприбрано, но мене, на мојот пријателски поглед не можеше да му побегне од очите вистината дека сѐ уште не преболела.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да ја криеш секоја горчлива солза, да осетиш како е да губиш сѐ, а не можеш да побегнеш, зошто ледениот здив на животот душата ти ја претвора во стерна, а пламенот од светиот оган телото ти го претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Куклите видоа не видоа, побегнаа во некои други агли на дискотеката барајќи си сопствена забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги водеше децата кон Мартина сѐ додека тој не ги виде и вчудоневидено се загледа во нив прашувајќи се дали да спрсне да побегне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На вакво време и волкот да го врзеш, ќе скине и ќе побегне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му беше добро, но денеска се случи нешто што му го разруши мирот и го застави да го стори она одошто најмногу се плашеше: да побегне.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А в затвор, прво кај што ќе ти побегнат очите е прозорчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе