побожен (прид.)
Множество од еротски детали меѓу него и Рози му се појавуваа во имагинацијата - интимности кои за него имаа значење и квалитет на побожни тајни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го измолив архиепископот да ми даде еден кораб со луѓе побожни, мажи благочестиви и да ме одведе на тоа место.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А ангелите по ластарите на лозата седат со побожно внимание работата на копаничарот ја следат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Љ беше многу побожна и имаше дебел газ. Често одеше во црква да се моли за сѐ и сешто.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Неговото жаболико лице се поуспокои, па доби дури и малку побожен израз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И сосема паганските хетери стануваат побожни, и на речиси сите узор им била приказната за света Магдалена. Насликани се и опишани безброј Магдалени!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Парсонс, чие внимание беше привлечено од знакот на трубата, седеше слушајќи со подзината сериозност, нешто како побожна здодевност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пандо Бранов, таткото, го имаше забележано следното: „Ние многу повеќе во годината постиме одошто мрсиме, ама не постиме толку затоа што сме кај знае колку побожни туку затоа што сме и повеќе од толку сиромашни.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Многу од овие госпоѓици биле побожни, а оние посебно омилени и познати дури биле закопувани во црквите, како “Фиамета”, куртизаната на Цезаре Борџиа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Самиот покојник не беше државник ниту научник, туку поп-пејач на љубовни песни, секогаш насмеан и традиционално побожен.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
МЕНТАЛНИ ВЕШТИНИ Ум програмиран со послушност Само-програмиран ум Од книги Љубопитен, со отворен ум Побожен, ја почитува официјалната Креативен-оригинален животен, не припаѓа религија кон организираните религии Лојален патриот што не поставува самоуверен, отворен, прашања
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секоја вечер се крстев за да измислам поарен живот Бев многу побожна, но никако не можев да се помирам со ситуацијата, останав страшно навредена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мајка ја изневеруваше речиси побожната тишина во библиотеката само кога се препушташе на тивките тажаленки по вестите што идеа од другата страна на границата, за исчезнувањето на најблиските, половина век невидени...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)