побрза св.

побрза (св.)

Побрзај, покажи се, расцепи го небото, крени се до сонцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Разводот го заврши младата адвокатка и побрза да се омажи за да роди едно прекрасно суштество.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Танасица остана така стаписана едно време и полека сфати дека не ѝ останува ништо друго освен да побрза да му каже на мажот што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Легендава палата ја носиш ти – кралот на ветриштата, нели?“ „Да, но побрзај, реков!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се разбира побрзав да му објаснам дека не сторил ништо лошо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го грабна буклето од кладенецот и побрза до патчето кон нивјето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Не е збор само за Македонците - побрза да објасни жената.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Држете се на наредбата, а ние мораме да побрзаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не биди луд. Побрзај и уживај ја жената макар и по задача и не грижи се.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да побрзаме и немој повеќе со таа чизма.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кажете ми го тоа машко што не побрзало да се угледа на родениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас побрзав внатре во куќата, плашејќи се Вера мене да не ме праша која беше таа жена со црна шамија на главата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разбира, со оглед на фактот дека знаев оти постојам побрзав да ја отфрлам помислата за некаква етерична или духовна состојба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но сенката од зад ламбата како да го беше наслушнала моето размислување па таа самата побрза да објасни дека не му припаѓа на другарот Ѓурчин: - Со другарот Ѓурчин внимателно ги разгледавме изјавите на обвинетиот - почна да објаснува сенката од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе