погубен (прид.)
Но нашите раководители замижаа пред вистината и востанието се зафати; се зафати славно за да се заврши плачевно и погубно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓу комитетите тогаш ќе се зафатеше погубна меѓусебна борба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мислев твоите дождови ме измиваат но овде и тие погубни булки родилки, како мајка сина си ми го отфрлаат телото.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бојаџијата го заварил погубениот студент, налактен на карпата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Крвта на преварените сливи, или плодови на крушите горници, или никаквото грозје на овој крај, таа и слатка и погубна тајна на бладања и обиди да се надрасне човековата безначајност, ги ослободувала од внатрешни окови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога излегол, со записот в рака, се насмевнал и рекол: „Ете. Ништо погубно не се случи, оти јас само препишав слово отровно, а не го толмачев, и затоа отровот не влезе во мене и не ме погуби.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Подеднакво е погубна и наркоманската деморализираност која ги спречува најсиромашните слоеви во Америка да се придвижат и да се потрудат да ги подобрат условите во кои живеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, мачната многулисна потрага што го сочинува тој роман – Хамберт Хамбертовиот „подвиг... еднаш засекогаш да ја проникнам погубната чар на нимфичките“ – произлегува токму од опачната природа на привлечноста што раскажувачот ја чувствува кон пубертетликите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Татко и Камилски уште долго време се договараа доцна во ноќта, до утрина, каква постапка или, како што велеше Камилски, каков метод ќе изберат во издвојувањето, односно во селектирањето на стоте најопасни турски, погубни османизми кои се појавуваа во балканските јазици и ѝ се закануваа на иднината на нивните потомци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговите фрагилни монтажи од зрнца сол и silver glass како да се валкаат по бетонската падина на Guggenheim, како да ја препознаваат оваа филозофски погубна положба. Richter, исто така, е жртва на погрешно толкување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Случајот на Митревски јасно илустрира како една владина одлука може погубно да делува по работните места на повеќе работници, кои се засегнати со истата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Проникнат во универзалната генеза на јаничарството и неговите погубни механизми за идентитетот на човекот, Татко стравуваше семоќниот Сталин да не стаса со Црвената армија до нас и книгите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Исто така, институциите не покажуваат никаков интерес и за погубните политики на новите газди во однос на снабдувањето со земјоделски суровини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)