подем м.

подем (м.)

И така, Татко не можеше да најде пореална и поголема историска сцена од Скопје, за да го следи подемот и падот на империите за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По Втората Светска Војна на Запад имаше подем на општествена конфигурација што овозможуваше управување со социјалната динамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаше многу книги во неговата библиотека посветени на редот на јаничарите на кои се должеше подемот и падот на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Османската Империја долго време по својот подем од првите векови продолжи да живее во својот сон на лажна величина во последните векови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А громот го навестил преодот на светот во ерата на Македонија: Подем за македонското време!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлискиот феудален систем неповолно делувал на општествениот, економскиот и културниот подем на христијанските народи кои влегле во рамките на Османлиското царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
РЕАЛИСТИЧКАТА УТОПИЈА, омеѓена со периодот меѓу двете светски војни, го доживеа својот врв кога тектонските сили на колективната свесност беа уништени од револуцијата на пролетеријатот во Русија и со подемот на Фашистичката и Нацистичката доктрина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Постојат релативно малку сведоштва за подемот и падот на Османлиите, посебно на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие го предизвикаа подемот, но и падот на Османската империја по петвековното владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога те слушам, мој пријателе Камилски, размислувам дека баклавата може да се смета за еден од ретките симболи што сведочи за подемот и падот на Османската империја! Не разбирам како?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секоја империја не само на Балканот туку и во светот, својот подем и пад го должеше на сјајот и бедата на трајната јаничарска институција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кај нас е забележлив извесен подем во културната сфера: поголем број активни луѓе, различни типови мислења...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оваа книга е многу значајна за да се разбере најголемиот подем и падот на Османската Империја, предизвикани од сјајот и бедата на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
12 Нешто слично се случуваше и кај нас: основните поттици што можеа да се најдат во прозното творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледате ли некоја врска меѓу социјалното пропаѓање и подемот на киберпросторот?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе