поднапие (св.)
Се поднапија и по некоја чашка винце и си легнаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Немав храброст да влезам, зашто сѐ беше поднапиено.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Подоцна, кога се поднапија тој измисли и соодветна команда: „Лицето навнатре опачината вон!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
ВАСИЛКА: Играјте си, веселете се, само не заборавајте и да се поднапивувате. Винцето не е лошо!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И навистина, откако ќе се поднапиеја, им стануваше подобро.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)