поединечно (прил.)
И после се слуша само поединечно пукање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беа тоа само неколку зборови на охрабрување, од оној вид зборови што се изговараат во вревата на битката, поединечно нејасни, но кои ја враќаат довербата со самиот факт што се изговорени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Математичкиот алгоритам ќе ги изрази формалните закони на симболизацијата, синтаксичките структури, независни од ова или она поединечно средство на изразување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дури, ни сите научници заедно, а уште помалку поединечно, немаат право да даваат завршен збор за прашањето на вкусот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Поединечно, ниту еден член на Партијата не поседуваше ништо, освен ситни лични предмети.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овие причини не дејствуваат поединечно и, по правило, сите се присутни до извесна мера.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Секогаш сум влегувал со одважност, дури, богами, кога ќе влезев, не ни ги забележував поединечно. Не се трудев. Тие ме забележуваа. Тоа беше важно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со други зборови, предмет што прави преглед и испитување на материјалите врз кои геј- мажите (и поединечно и во групи) изградиле заедничка култура или заеднички култури, исто така ќе биде и предмет што ќе ги иницира студентите, и оние стрејт и оние геј, во културната практика на машката хомосексуалност, до оној степен до кој таа практика се состои токму од споделувањето и испитувањето на таквите материјали.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите семејства со кози во Козар маало правеа севозможни планови како да ги спасат козите поединечно и заедно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Наместо тоа, секој предмет поединечно што машката геј- култура го зајми од главнотековната култура, секоја машка геј- културна практика, изискува разгледување со целосно внимание за неговата особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Чушопек! Така го нарековме според функцијата. Печење пиперки, односно пиперка, зошто во дупчето можеше да влезе само една, поединечно.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Одново и одново во примерите што ги наведов излегува дека токму од жената машката геј-култура го презема екстравагантниот, историски стил на емоционален израз, го пародира и си го присвојува како средство за поединечно и колективно машко геј-себеизразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој од наведените правци има свои карактеристики и методи и секако дека би ни требало многу повеќе време и простор за да се образложат поединечно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Оттука, инсистира секој предмет поединечно да го гледа во естетската рамка на самиот предмет, како естетски склоп, како ефект и израз на интегриран естетски систем.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тогаш јас сфатив дека веќе не ги гледам деловите поединечно, туку дека гледам сѐ одеднаш.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога Мартин влегува во лифтот, внатре веќе се набуткани многу луѓе, но патем, како што лифтот се движи угоре низ старата зграда која мириса на мошус, луѓето излегуваат надвор поединечно или во група.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Изабел којашто вообичаено многу брзо зборуваше сето ова го кажа со тивок глас притоа поединечно нагласувајќи го секој збор.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во завршената сцена на „Гладијатор“, римските легионери, собрани околу мртвото тело на Максимус (кој сепак успеа да одржи импресивен претсмртен говор за правата на поединецот), хорски почнуваат да ја пеат американската химна; камерата во гор-план ги фаќа поединечно нивните лица, благородни и решителни како на членовите на шампионската рагби екипа.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)