поентира (св. и несв.)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ме дриблаат по теренот, ама поентирам и јас, чат-пат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Додека ние се повлекуваме сомневајќи се, Енценсбергер елегантно го поентира својот поетски став.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Геслата, односно импрезите, сѐ уште поелиптични, згуснати кончети кои во форма на загатка ја поентираат целта или волјата на некоја личност или заедница.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Напротив, во вицовите често се поентира неговата бруталност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Голема благодарност ѝ должиме на госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска која целиов проект првенствено го имаше замислено како книга (дваесетина автори со околу 25 раскази) и се надеваме дека дури таа евентуално отпечатена книга на најефектен начин ќе ги поентира целите на нашата едногодишна работа.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)