поживее (св.)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Никако да се задомиме на едно место, на раат да поживееме неколку години.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако беше Бугарија со Тракија слободна, а Србија заедно со Македонија поживееше 50 години при едни исти услови, тогаш Македонците ќе работеа заедно со Србите, а не со Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И најпосле, зошто да правам напори да се одржувам во животот по секоја цена? Заради тоа што треба да поживеам уште малку?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ти си млада. Изгледаш нормално и невино. Ако се држиш понастрана од луѓе како мене, можеш да поживееш уште педесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ПОП ЈАНЧЕ: Господ да ми те поживее и здравјето да ми ти го крепи, толку.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Или, уште подобро, да не ги знаеше оние моменти од минатото на Ботка; (дека Баручиеви всушност ѝ пружиле можност на нивната роднина Ботка, секретарката на другарот секретар, да поживее кај нив подолго време, и пред Втората светска војна, а и по неа, па оттука и нејзината упатеност во сите околности што можеле да помогнат во пленувањето на скриениот имот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
После само слушаш: - Не турај ми в уши. - Господ да те поживее, оти свеќа ми запали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
IX Тукушто брезничани се понадеваа дека ќе поживеат спокојно, им дојдоа нови, уште понеспокојни ноќи и денови.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ако поживее година две, ќе се научат со дете, па после не ќе можат без деца, та ќе си го земат Илка мој. И така името му го носи на браче Илка.“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Бори се и ќе поживееш. - Со кого да се борам, каква судбина? - Таква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во себе пресметувал колку е помлад од покојникот, уште колку му останува да се поживее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И така царица Мариа поживејала дури остарела сѐ богоугодно, и прешла у вечнија обители.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И тие, чиниш сториле што може да се стори, веднаш го заборавиле: зима е, старците умираат наесен. Затоа овој Дмитар-Пејко ќе си поживее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе си поживее. Имаше четириесет и две години.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)