поклоцне (св.)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некое ќе потклоцне во сонот, некое ќе каже нешто нејасно, јас ќе го прашам што сака, а тоа пак ќе каже нешто, ама сега уште понејасно од првото кажување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потклоцнува, мислиш некоја врвка е што ќе пукне, ќе му се скине.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како да најде тиква печена. Ја гледа мината поднасмевнато, вели, и ја потклоцнува со ногата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Здола, на јаслите, се чеша кравата, првка и потклоцнува магарето, како човек да ти чука на врата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ирина ја потклоцнува со ногата, но Жења не бега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги потклоцнуваше озабените черепи. - Кроеле државен удар... се полакомиле за царски престол... - глуво продолжи Долгиот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)