покој (м.)
Доаѓај ми, дојди ми ко ноќта полна покој во рацете сини со мрак полна в длабоките очи полна соне во мирните коси.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
За покој и смирение на нејзината душа и за долг помен, четириесеттиот ден отидоа на гробишта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Могила ќе издигнам над покојот од беснилото. Ќе ги откорнам корените закоренети од јатката на омраза.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„Мене, сине, татко ти така ми порача, пред да си замине, покој му на душата, никогаш да не ја напуштам куќата!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па каде е сега тој? - избрзав јас. - Отиде во Рајот божји, душата покој да му има, лесно да му е темното море што е над него, - се растрепери старичката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Колку чаши ќе требаат макар за по една ракија за покој на братот? А она, гледам, само тракторот со сандакот и два џипа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)