покритие (ср.)
Љубовта е најдобро покритие за потфатите од оној вид каков што беше вашиот во врска со Еврејското злато.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Никој нема покритие за скапоценостите и знаменитостите на сараите, нема мерило за оценување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)