полета св.

полета (св.)

Штом ме виде полета кон мене со раширени рачиња: - Тато, тато, да видиш!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште еднаш мислата ѝ полета кон синото плико каде што имаше патоказ за нејзиното појдовно истражување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едо никогаш не можеше или не сакаше да сфати зошто некој авион би морал да полетува пред осум изутрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Скршените крилја на љубовта не можеа да полетаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пеперугата од тревите полетува по трагите на божилото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Удираш со жеголот врз каменот - а од него се будат и полетуваат искри во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пред полетувањето стигнавме и да се запознаеме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел да ти кажам кога ќе има уште секунда пред да полетаат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Белите морнарски капи полетаа угоре, за поздрав на првата пролетна ластовица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Музиката ќе засвири, а јас веќе ги поткревам рацете, ги ширам ко крилца пред полетување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои жужлиња веќе ми дошле в уши и дрвото, над нас, ми полетува кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во оваа доба обично ја наполнуваше печката така, што се чинеше само уште што не тргнало да полета од разгореност, тоа огромно буре, а потоа, издолжен на креветот, или притивнат на прозорецот, продолжуваше да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штедроста на солзиве како да ми го предвестуваат полетувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе