полтрон (м.)
Овој пат кај мене беше надвладеала намерата да не си играм послушен полтрон.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мислам на она: малку полтрон, малку повторувач на туѓи зборови, малку мавтач со главата, и гледаш, си пораснал па можеш да погледнеш и преку главата на највисокиот пред себе...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)