помешечки (прид.)
На излегување луѓето, поради смалувањето на излезот, прво се веднуваа сѐ повеќе и повеќе но сега лежечки излегуваат низ вратата смалена до страга низ која едно човечко тело едвај може помешечки да се протне.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Легнав помешечки. Лицето го нурнав во перницата: чиста, бела, мириса на „факс“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Легнаа помешечки и ги подадоа главите да разгледаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)