помошник м.

помошник (м.)

Негативен аспект на законот претставува и одредбата според која овој закон не се однесува на куќните помошници.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помошникот им додаваше батериска ламба на посетителите коишто приоѓаа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто како помошник сметководител на сите мензи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа си наоѓа свои помошници.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Требаше да се врати дури во септември, а Али во својата работилница ниту можеше да постигне да ги услужи муштериите, ниту пак можеше да најде помошник па го наговоруваше Еда да остане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше во средината меѓу Бузо и неговиот помошник Марко и држеше в рака стап со кој мавташе заканувачки кон нас...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стале виде оти работата тргна и дека сам ќе те претовари во работа, та си создаде помошници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помошници кои во негово име и во името на Нова Година, не е важно која по ред, ќе ги разнесуваат по разни градови, села.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Штом таткото заврши со пеењето, У се разбуди и почна да клоца, а болничарките- помошнички на гинеколозите силно ракоплескаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само забележуваше дека во слободното време, додека се моткаше во неговото ателје, се плетка во работата на неговите помошници, кои беа постари од него за цел образован степен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Влегов во работата мошне плашливо, како помошник во просториите за монтажа на документарни филмови во Лондон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Брат му во тоа време беше пекарски помошник и не пиеше. Не пиеше ни подоцна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу неговите главни помошници се седумдесет и седумте џуџиња – советници, записничари, навигатори...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
•  2007: не е предвидено куќните помошници да бидат опфатени со Законот за безбедност и здравје при работа; •  2007: се укина еден ден од празнувањето на Денот на трудот и сега празникот се празнува само на 1 мај (Закон за празници на Република Македонија);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе