понеделник м.

понеделник (м.)

И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Приготви педесет и два таками облека и еден понеделник ги направија сите јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каде на друго место ќе ја видеше ако не беше наминал токму во понеделникот, во канцеларијата на другарот Јаким, за да интервенира во врска со случајот Чардаклиеви?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Саботата, неделата и понеделникот ќе ги посветите на овие ваши противзаконски дејанија!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од понеделникот до петокот така. Во петокот, кај пладне, како да се поврати детето од неевестицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Станав предоцна и задоцнив на училиште; влегов во класот без да чукнам на вратата; беше понеделник и имавме класен час кај Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Македонскиот народ редовно секој понеделник некаде после десет часот ноќе седнуваше пред телевизор.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Впрочем што тој лично има сторено ако не постои загубениот понеделник и ако ја нема, или поточно ако била привид спомнатава белезица?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Наближува Чист понеделник, вели Глигор и ајде да си простиме, за да ни прости и господ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понеделник е, и тој знае дека берберницата не е отворена, Боце сигурно отишол со децата на тутун.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во петокот се засакавме, во понеделникот се скаравме. И пак е среда.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понеделник, вторник, петок... И одеднаш некоја глупа исповед: ми летнаа деновите...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Одеа кај Танаил и му велеа барем тој да го одложи погребот за понеделник додека се направи свадбата, но тој велеше: „Не ја оставам јас мајка ми да се смрдува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понеделничкото утро започнува со неочекувано ѕвонење на телефонот уште во седум!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе