пописен прид.

пописен (прид.)

Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но едно утро сѐ се разјасни, кога почнаа да влегуваат пописните комисии во куќите што имаа кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постои главна книга – го покажа жолтиот тефтер – и постојат пописни листи за секоја коза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во принцип, според пописните листи, ликвидацијата на козите била педантно завршена, арно ама, козарот знаел оти овие клетници повторно ќе дојдат, да проверат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој, набрзина, од излитената кожена чанта извади неколку разнобојни пописни листови и еден поголем жолт тефтер.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веднаш го препознавме шефот на некогашната пописна комисија, човекот од полицијата, со кожена виндјакна, сега со поиздолжени мустаци, па малку ни лекна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шефот се консултира со третиот член на комисијата кој постојано молчеше, па продолжи: – Луѓе, вашата коза Сталинка не може да влезе во никакви пописни листи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира, работеле според пописните листи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пописната комисија ја срети мајка ми кога ги навадуваше цвеќињата во градината со вода од бунарот. Брзо ги воведе на чардакот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прво тропање на врати, комисијата! Последната проверка, рекле, макар што според пописните листи сѐ било јасно, прејасно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нѐ испитуваа луѓето од судот и нас. Го препознавме службеникот од пописната комисија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)