порив м.

порив (м.)

Не можеш секому и секаде да извадиш грклен. А имав таков порив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Разбери ме не можам повеќе да те создавам да те лекувам со поштенски марки нема повеќе да патуваш сакам да верувам молци ги јадат адресите во мене интимно се топат некои санти и паѓа горчлива сенката на времето кога се кастрат лозите и поривите а билјето развива бујно како грев.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Далеку од таквиот порив се и самите стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше рана пролет, кога почнуваат да плачат врбите и лозјата, па може од тој ист порив на сите ни идеа солзи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истополовиот порив не е идентичен со гејството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обземен од страсниот творечки порив, растреперен до крајни граници, сликарот длабоко ја почувствува душата на овој крај и со целото свое суштество копнееше да го оживи на платното... Но како?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Заморно работеше секојдневно, воден од поривот на чувството за богатење, но емоционалните слабости ги влошија односите со ортакот кој го бараше својот дел од долгот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Остануваше силен семејниот порив да не го загуби езерскиот идентитет на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Имињата беа тука за себеразбирање, за разумност на предметите и луѓето, за сотворение на малите билки едночинки и ситните животинки, за дарување кога поривот нѐ напушта слично на потребата од нивното постоење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Поривите скршнуваат во непознат правец.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Овој камен некогаш шеташе по овие ливади но молеше и кога беше жив: Љубеше да открива зборови низ пустошот, да ги лачи од песокот и низ голем порив да ги таложи врз себеси, да се скаменува.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Остани во растурените крошни, од полноќната тишина, остани да ги негуваш, моите ретардирани пориви од болката по тебе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа беше трогателно. Тој порив во него го туркаше да презема дела. А за пари и проценти, не.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе