посреден (прид.)
Тој, зборуваа студентите, во почетокот на семестарот ги земал од библиотеката на Отсекот повеќето книги што на директен или посреден начин биле поврзани со темата на неговиот семинар и до крајот на семестарот ги чувал кај себе.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Помисли дека и без да сака дозволува необичниот дури и срамен оган од играта на Радуле и Стојна да ја зафати, поточно на посреден начин да ја помилува и неа?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеше да биде сведок и посреден учесник на тоа, како најубавата работа во нивниот живот се престорува во најлошата работа, што можело да ја има во нивното село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во интервјуто вели дека тој и неговата генерација на театарџии со став, бегале од театрите со кои управува државата затоа што тие биле инкубатори на посредни творци, всушност „културњаци“ кои се во заложништво на државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Реалната опасност, тој да се отргне и осамостои и да придвижи сопствена налудничава динамика со која може да ја загрози и егзистенцијата на општеството во целина, само е посреден доказ со колку хазард може да се води една политика која себе се смета за центрумашка.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Синиша Горњак МЕДИТАЦИЈЕ ХВАТАЧА ВАЗДУХА Скопје доби нов интересен жител (Синиша Горњак е роден 1969. во Нови Сад, а поради познатите причини веќе две години живее во Скопје), а македонската млада поезија добива (навистина, на туѓ јазик, но добива!) еден нешто поинаков импулс, еден така, тивок бочен ветер во тие прилично издишани едра, еден здив во кој далечно се чувствуваат сличности, сите оние посредни и непосредни ужаси што ги проживувавме (проживуваа), и кои дури допрва ќе треба да ги разбираме и сублимираме.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, понекогаш, учествувајќи или често чувствувајќи на посреден начин, станувате приемчиви за проблемите и реакциите на ментално заболениот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)