поткопа св.

поткопа (св.)

Од корен нѐ растрои, што се вели, ги поткопа и нашиот карактер и нашите навики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го беше поткопала бетонскиот јаз што ја носеше водата до централата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што ќе се диреците што ми ги поткопа водата и што е давењето на децата?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со неа покрај мене, овие луѓе не ќе можат да ми ја поткопаат смелоста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа почна да ги поткопува темелите и диреците од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти оган веќе не држи и деца веќе не плачат во таа куќа. Само бурјани трева, бозје и цволика ѝ се пикаат во темелите, во ѕидовите и ја поткопуваат отсекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сети како ја поткопа водоводната цевка. Таа останува назад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мераклиите, ги мазнеа ѕидовите на окопот или ги поткопуваа така што кога ќе почне да се пука телото на борецот што поудобно да легне во замислената положба за одбрана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почнав да се оближувам, ми дојде да пометнам. Ме поткопаа непцата. Исто ко на трудна жена што ѝ иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, едно време, сред зимата, кога божикните снегови беа станати и секое утро тревникот го поткопуваше мраз а дневното сонце го раскалуваше, на местото во еден агол од дворот каде што ја оставаше покосената трева, најде легнато едно изнемоштено жолтеникаво куче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рика, гргори водата а ми ја подзема земјата под стопалата, ме поткопува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вистина студот е лабав, оти снегот е лапавичав, ама и човекот е лабав, поткопан. Не е тој што беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вака, ние сме праведници. Човековата волја ги поткопа Алпите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Денеска троа утре троа — го поткопала реката и ене го, каменот се одвалкал. Така и ние.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Водата, самата вода, неговата вода, го беше поткопала ридот и го отвори минатото, ровко, растресено, со по некоја коска овде-онде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симоновиот ракопис е поткопуван од наративот на Агна, на биографијата на Симоновиот предок Никола Поцо, со посредство на историчарот Владе, ѝ се спротивставени наводни историски документи за историјата на селото, а читателот е принуден да го менува мислењето губејќи ја секоја објективна точка на гледање и потпора која може да пружи конечни одговори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во соопштението што Националната компанија за стопанисување со електрична енергија го испратила до јавноста стои дека некој си маж, крстен по великиот диктатор, поткопал опасен електричен столб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе