потфрли св.

потфрли (св.)

Таа никогаш не може да се скраси, на едно место да застане: се мрешка, се мешколи, потфрла бранчиња и го подлижува брегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дваесет години подоцна јасно се гледа дека новиот систем значително потфрли во остварувањето на економските очекувања на македонските граѓани.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Утрото доаѓа библиотекарот и ми потфрла една книга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Да живее „Волшебното самарче“! - потфрли болничарката Стевка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги потфрлаат главите и одат кон надвор, излегуваат низ вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека мајка ми со каленицата беше отидена да пушти вино, баба ми во едно чинивче ја стави другата половина од компирите од тавата и, како со потфрлање, им ги подаде на дедо ми и на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ние за кого умираме, си велам, еве сите држави си прават гробишта, а нас нѐ потфрлаат во туѓите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ги потфрламе нозете, ќе си ги втасуваме, ќе одбираме и ќе прусаме, како потполошки во стрниште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека искри потфрла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2. Ќе ми потфрлат некоја каша или смрзната риба и јас ќе ги истурам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После само заграбува камчиња, си потфрла пред себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не, не, тие не очекуваат никакво внимание, тоа само така ви се чини, бидејќи пред нивната убавина ќе се почуствуваш некако потфрлен, понижен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ми потфрли една кутија „ракета“ и кибрит. Ко на куче на масичката пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Болеста му потфрла дрва, го ложи, го спотнува. Не остава да му подугасне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како да не го прими, кога тој дава добар повод за смеи и за двосмислени потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе