поулави (св.)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се разнесоа песните за Антица, за Деспина, за Караѓуле и за други охридски мераци што копаа по срцата и ги разигруваа до поулавување...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Убавице, замоли младоликиот старец со расплакан глас – те молам како божица, дур не сум поулавел, сврти се на другата страна!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Јас сум сила што руши. Поулавете од страв и малодушност, јас ве презирам!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„За велјо чудило јас старцки ќе поулавеа по него!“ — си велеше таа кога сакаше небаре да го избрка од паметот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа го слушаа: „Силен сум и несреќен сум едн ден ќе поулавам и можеби сум веќе таков.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)