поучи св.

поучи (св.)

Вртам низ Скопје и се поучувам со луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивните родители не можеа да ги поучат како се фаќа плен поради неискуственоста, и тие самите бараа модел. Бараа од некој друг да го препишат како лекција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас не можам да допуштам Турците да не се поучат од него: јасно е за секој, па и за Турците, оти Турција не може повеќе да ја зачува Македонија ако продолжува со истата политика кон нас што ја водеше досега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Онаа, кога ме поучуваа дека е доволно да се родиш со касмет па иако ќе те фрлат на буниште!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На воденичкиот ѕид секогаш висела долга кременарка со изрезбан кундак и ги поучувала копуците да не му се спротивставуваат кога ќе ги заборавел поранешните спогодби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се барав себеси во утрешниот ден зашто судбината на коњот ме поучи? Тоа беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Послабите ученици ги поучувал во читање и правење слободни состави, книгата била неговиот најмил другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А и господ е себичен, штом не те искарува, штом не те поучува, туку те остава така сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Синот можеше да го поучи дека љубовта често наоѓа замена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стрело пуштена од папокот на утрото кон бесконечноста Поучи нѐ: Кој ни е патот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Преку нив, преку субашите ги поучија другите како да се одбранат од данокот во крв - на новородените да им врежуваат крстови на скришни места, под мишките, или направо на челата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отец Прокопиј многу, многу одамна ме поучи: Побрзо ќе заборавам кога пуштив брада, одошто да заборавам дека и во селоно зад ридон нашенци живееја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Со молитва и строг пост да го минеме утрешниот ден, Велјасабота - ги поучува дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кого да молам, кој да ме поучи како да се живее без себеси?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе