почести (св.)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Игуменот нѐ почести со вруќа ракија во една од собите на манастирските конаци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мајка му веќе нема што да прави, па го седнува заедно со другите гости и го почестува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сопственикот откако нѐ седна, а пред тоа со ненајбелиот пешкир ги истера мувите од масата, сврти лице кон нас и со помош на преведувачот нѐ праша со што може да нѐ почести.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако имаш едно благо да ме почестиш добро, ако немаш остави. Кафе не сакам!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Симнете се во рекине дното со неа ќе ве почести.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Кога ги сочини и му ги принесе на книга наресани, убави како девици што ја хранат својата невиност, тој го почести со слава и чест и го седна до него.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се почестија по една две ракии, се омезија и бегот напна да стане.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”. Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кралот, кнезовите и министрите се сметаат за извонредно почестени ако го добијат големиот кордон на Абдул Хамид...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ќе земе војничето една свеќа, ќе ја запали во окопата, ќе земе две-три матерки ракија, и ќе не почести.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Закачил царско лавче на шубарата. Царот го фали, војниците од мед и ореви ги почестува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Пак за радост твоја да не почестуваш.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Реков: - И покрај тежината на изненадата со која ме почести преку телефонот, не го забележувам нејзиното присуство кај тебе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеш дури некоја од твоите другарки да почестиш и в слаткарница. Ни тоа не е лоша идеја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)