појава (ж.)

23. Тоа покажа кој најмногу е заинтересиран за македонското движење затоа го пренесоа центарот негов во Македонија и направија уште еден цел ред фокуси за да се покаже оти брканицата е однатре и е самородна појава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Литературата ја има онаа прекрасна моќ на градење мостови дури и меѓу навидум неспоиви појави и дела.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И така Бугарин присвоено од комитетите и Организацијата за Македонските Словени, и соединувањето на нашите интереси со интересите на Бугарија во агитацијата на комитетите кај Бугарите, беа причина сета македонска работа да ѝ се припише од Европа на Бугарија и на Бугарите како бугарска надворешна појава да не се поддржува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во врска со кршењето и намалувањето на работничките права вреди да се спомне и тоа дека овие две појави не се со ѕид одвоени една од друга.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бугарите го зголемија буџетот на Егзархијата од појавата на српската пропаганда: со други зборови ја засилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Појава која не можам да ја поднесам повеќе од два часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас исто така сакав да оставам впечаток со мојата појава.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Вистина, таа дијалектика кај него е обвиена со мистицизам, но со отфрлањето негово и со нејзиното конкретизирање врз појавите од објективната реалност, се доаѓа до нејзиното вистинско и објективно важење во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во холандското и англиското сликарство тоа беше честа појава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И верував на интуитивноста, кардинална појава чија причина за постоењето не можев да ја откријам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сината вода на Езерото се предаваше на своите метаморфози, забрзани со појавата на сонцето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Целата негова појава зрачеше со некој цинизам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Еден шрапнел ѝ поминал преку градите и ѝ го зел гласот, целата појава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе