прабаба (ж.)
Го видов како падна врз најскриената соба, позади амбарите полни со жито, па ги погоди трепките, желни за уште сон, на прабаба ми, на најизмачената старица...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ги гледаш овие три прста? Ги состави трите прста прабаба ми, палецот, показалецот и средниот прст, правејќи врв како пирамида со три страни, составувајќи ги тие три силни енергии во една, како симбол на светото Тројство, па почна со нив да се одбележува, цртајќи крст врз себе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Ме благослови прабаба ми Трајанка.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Многумина од селото погинаа за слободата! – зборуваше прабаба ми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
ТВ ЛИЦЕТО: Сум слушал за нив многу приказни од баби, дедовци, прабаби, прадедовци и водоинсталатери.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Затоа ѝ го спомнав она за пиралката и за далечната пра-пра-прабаба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А со тоа се лекуваат сите болести. –зборуваше тивко прабаба ми.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Помилување, чистење на нивните мисли, чистење на нивните дворови: Дворот на прабаба ми, дворот на баба ми, на дедо ми, дворот на мајка ми, на татко ми...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со помош на раскажувањата на прабаба ми Трајанка на необичните приказни од најстарите времиња, го одвиткувам превезот на историјата овде во селото Рајчани на македонските простори. ***
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Не туку врескај, од ум ме извади – свика баба Менка, баба ѝ на мајка ми, мојата прабаба што таа ја обожава и често ми раскажува за неа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Во тие маала во кои и јас сум израснала, се меша мирисот на времињата и на просторите, јадењата што мајките на нашите прабаби ги понеле од Иберија со аромите и рецептите донесени од Турција, од Стамбол и од Солун и од богатите мисирски пазаришта на бахари и на друго зајре што доаѓа од различни места на Блискиот Исток.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Режисерот наведува дека прадедо му бил од Штип. Прабаба му работела во конакот во истиот град.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мојот дедо татко на мајка ми Нисе, син на прабаба ми Трајанка, беше работлив човек. Понекогаш знаеше да претера со работа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)