правилен прид.

правилен (прид.)

Но сѐ што реков јас во нив ќе си остане без добар фундамент ако не се разгледаат некои теориски прашања, од чие правилно поставување ќе зависи успехот во нашето општо работење во полза на нашата татковина и нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
90. За да се увериме во тоа дали моиве заклучоци за резултатите од востанието се правилни или пак приговорите на моите противници се правилни, ќе треба да се разгледаат тие настани од најновата историја на Македонија во кои најсилно се пројави националното самосознание, а имено, ќе треба да се разгледа: преродбата на Македонците, настаните што послужија како причина да се разбуди народниот дух на Македонците, какви размери и каков правец зеде тоа разбудување?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
После, како што се гледа, тие ја мислат за единствено правилна гледна точка на прашањето за народноста на Македонските Словени – бугарската; а може си мислат оти прашањето за народноста на Македонците е второстепено и лесно ќе се разјасни со ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Континуумот на виртуални слики е фрагментизиран, просторот е иситнет според правилното или неправилното декомпонирање на времето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мирнотијата на езерото во сончевиот ноемврски ден, прекинувана во правилен ритам од удирањето на веслата во водата на Александар му остана во сеќавање како најгрозен звук што го слушнал во текот на целиот живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во правилното разбирање на овој случај и применетата анализа за нашава методска единица, важно е да знаете, а тоа е толку јасно, дека саканиот што разговара со жената и што потоа легнува со неа не е Григори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашите последни барања колку се правилни или не, не земам да ги решавам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговиот профил под русата коса, правилен во полусенките на летната вечер, беше смекнат од сладникавите звуци на живата свирка што доаѓаше од некој неопределен правец.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Единственото нешто со кое можев да ја одредам правилната насока беше потребата да не се доведам во директен контакт со агресорот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во моментот на носењето на одлуката не можеш да знаеш дали е таа правилна или не, дали си згрешил или не, затоа што во тој момент не ги знаеш последиците во иднината, ниту, пак, можеш да го вратиш времето во минатото за да ја промениш одлуката.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Признавам, малку поразмислив на ова прашање, не го разбрав, но се надевам дадов доста правилен одговор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лежеше на стомакот, нејзиното дишење го креваше белиот јорган во правилен ритам, а лицето не можеше да ѝ се види од црвената коса која се имаше распослано на перницата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една претерана, залижана учтивост, која ја препознавам кај себе во ситуациите кога глумам „правилно“ однесување, а во исто време знам дека е фалшива.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не знаевме ништо за партиската идеологија, па сепак говорејќи со јазикот со кој говореа политичарите, учителите, спортистите, уметниците и оние кои го издигаа руинираното стопанство, бевме поддржувачи на правилното изразување во новиот народен јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од деталите речиси секогаш извлекуваше правилни заклучоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе