преварант (м.)
Ми се повраќа од изборни кампањи; од билборди и ситилајти, насликани со исфрустрирани копуци, дибеци и жбитаци, што сакаат да станат некој и нешто; од лопови и преваранти што слободно се шетаат по улица; од доктори–митаџии, цајкани со по два мобилни, учители без етика, лидери со мнооооооогу мали јајценца и гоооооолеми бисаги...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Затоа не им верујте на пазарџиските преваранти кога ќе ви кажат дека ракијата е домашна затоа што е немогуче да продаа 500 кила месечно, а тоа да биде домашна.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ролан беше голем преварант! Не рековте така вие самите, Иван Степанович?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Едн час пред да дојдам, татко му му кажал за парите што ги позајмил на наводниот преварант.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)