превентива ж.

превентива (ж.)

Тоа беше првата превентива да се спаси човекот себеси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако тоа тешко се постигнува, доаѓаме до фактот дека таа е клучна во разрешувањето на проблемите, доколку ги има, односно одбегнување на нивно создавање- мислам како превентива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Згора на сѐ, таа е и професионално вклучена во заштита на работничките права – во делот на превентивата и медијацијата – односно го застапува работникот пред работодавачот за да воопшто и не дојде до судски спор, којшто е релативно скап за наши прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)