предавател (м.)
Да твори извесни симболички предаватели до онастраното, непознатото, идеалното, да даде илустрација и сугестивност на прикаските за спасот и излезот што мудреците од сите провиниенции ги креираат орално и бихејвиористички, или ако повеќе сакате - ан пасан?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Откако го знаеше Баге, тој - постар од него за некоја година - работеше во радиото, дали во студиото или на предавателот, како техничар: и во српско, и во бугарско, и сега во македонско време.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Понекогаш самиот поединец може да е носител на границата, на пр. носењето предаватели за следење на локацијата од страна на затворениците на условна казна – тие можат слободно да се движат, а сепак се под постојан надзор, или припадници на пониските касти во индиското општество.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)