предвечерен (прид.)
Во прозорското стакло удираат првите капки со заслепеност на предвечерни мајски бумбари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зад третата дабова шумичка, отаден напуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата предвечерна песна на Бадник е песна на смртта. Тешко дека тоа ќе е така.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во тие предвечерни часови, по молитвата, таа повторно се чувствувала како ангел (во себе и за себе), просветлена, босилочна, темјанеста.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кукулино; таа плитарска тврдина на маченици и вдовици, ја посвоило немата Ганка, да ора, да сее, да копа и да окопува со другите жени и во предвечерните часови да стои осамена и да гледа кон планините.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)