предложи св.

предложи (св.)

Едноставно не можеше да се помири со идејата дека тој е човекот што е предложен за Нобелова награда.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со овие неколку зборови јас сакав да ја појаснам содржината на предложената на македонските читачи книга за најважните за нас прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да му предложеше таа мома од секоја друга куќа можеше да поверува дека нема да му откажат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше секој од нив да предложи нова стратегија во третирањето на турцизмите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бургиба дури на светската организација на обединетите нации ќе предложи создавање на федерација меѓу Израел и арапските земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме предложиле за орден за откривањето на сиџилите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турција, како што се гледа, како да се најде на тесно, па ѝ предложи на Бугарија да се дојде меѓу нив до едно согласување за македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да се согласиме првин за десет. Секој да предложи по пет и утре ќе започнеме да ги разгледуваме. Се согласувам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една ластовица предложи со сила да ја отворат вратата и да го избркаат врабецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. А која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе