предодреден (прид.)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Задачите кои ги имале набљудувачите биле строго предодредени и никој не смеел ни за момент да го напушти местото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во сето ова имаше нешто предодредено.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ова толку многу ми олесни да попуштам пред убедувањата да му станам животна сопатничка на мојот долгогодишен љубовник, најдобар пријател, музички соработник и веројатно кармички предодредена, повторно пронајдена, андрогина половина.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Поинаку кажано, потцртана е фундаментална разлика помеѓу Жената како означител што е кодифициран во една долга историја на бинарни спротиставености и означителот “феминист” како оној кој го гради признавањето на конструираната природа на Жената и е предодреден да трага по адекватни претстави за неа, и политички и симболички.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
А вие сте убав и бистар младич, предодреден за успех.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Необично беше како тој предодреден ужас се јавуваше и исчезнуваше од свеста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сигурно и во него има чувство дека е казнет заради нешто од самиот Господ оти такво чувство имаше и во Доне, само што Доне тоа чувство го немаше претворено во гнев, туку во понизност пред предодреденоста што не може со ништо да се промени.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Вистинскиот амбасадор, според нејзината замисла Бев уверен дека, изневерувајќи го предодредениот татков пат за судбината за патот на спасувањето на своите чеда на Балканот, јас како да го вложував сиот живот во неговата утопија да најдам некаков нов излезен пат во кој ќе ја дооткривав сложената таинствена тишина во неговиот живот, моќта на премолчување кога опасноста најмногу демнеше во меандрите на неизвесната балканската судбина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)