презрив прид.

презрив (прид.)

Презриво ми ја подаде фигуринката – беше само обично книжно топче, премачкано со жолто.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако се чинеше дека не му обрна големо внимание по тој еден единствен презрив поглед, тој отсечно нареди токму него да го стават на ноќна стража.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Презриво го задржува погледот на водоводната цевка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше сигурен само во едно – го знаеше човекот што презриво го погледна кога се поднамести во седењето на ручекот, оти никогаш не седел скрснозе, и по само петнаесет минути сосема се здрви.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тој презриво замижа. Под спуштените клепки ги гледаше само врвовите на своите чевли како отскокнуваат де напред де назад на заплисканата од утринските зраци улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И покривајќи го заспаниот дедо со својот кожув, дува презриво низ нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги стегна усните така што тие направија блед, тесен раб, потоа ги растегна во презриво ладен насмев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас продолжив да го гледам. Се трудев да не биде тоа презрив поглед, туку само прибран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Арсо не ги слушна Павлевите уверувања. Тој презриво ја доближува батериската светлина до омразената рапавина што му застанува на патот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го запре кошот пред нив и со еден сожалителен и презрив поглед ги измери сите војводи, па громко ги поздрави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но додека го јадеш црниот, не ставај го на трпезата безволно, презриво: тоа го убива апетитот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Им мавтавме со веѓите охрабрувачки, додека мајките нѐ гледаа презриво и ги вардеа гласно и загрижено, оддалечувајќи ги од нашата неприличност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Но тој презрив поглед во очите на овој студен деловен човек, се оцртуваше сѐ поотсечно и понеповратно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Докторот Петриќ го изгледа презриво дајреџијата, кога овој извади да плати и силно го удри по раката со зборовите: - Ајде бре, копук...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше фрлено небрежно, дури се чинеше презриво, во една од погорните прегради на кутичето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе