премаленост (ж.)
Врбата гранките тешки ги ведне во тиха премаленост.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сакаат да се насмеат, ама не можат од премаленост, од глад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Лицето, глуво и слепо, му останало отсутно за извикот на болниот, за неговата премаленост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)