премор (м.)

Студена до премор, а во исто време те одмара и полни со енергија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Легнав со надеж дека големиот премор ќе ми донесе трошка сон кој барем малку ќе ми ја поврати силата за наредниот дел на патувањето низ Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа се така набрзина заспива од премора и денот и луѓето, совладани од сонот, под крупните ѕвезди кои како чувари остануваат уште долго, долго да бдеат над нив...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)