преод (м.)

А громот го навестил преодот на светот во ерата на Македонија: Подем за македонското време!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Преодот секогаш е привремен, минлив, обичен пат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Преодите како што е оној од печат кон електронски медиуми не се одвиваат без превирања - или, поточно, без преткајување на целата социјална и културна ткаенина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа се дела, чии што главни естетски и онтолошки концепти се расчленуваат на: 1) губење на длабочина, 2) површни ефекти (тематизација на „близината”), 3) естетска инсценација на нови технологии и медии, 4) зачекорување во виртуелни, алтернативни, паралелни „светови”, 5) симулирање на комплексното осознавање во смисла на визуелна, аудитивна и тактилна перцепција, 6) преод од аурата кон гламурот, 7) интерактивност, 8) генеративна репродукција на уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој момент настапи многу тежок преод.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)