препраша (св.)
Не заспав до зори. Испитував, се препрашував, што можело да се случи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Повеќе не ја препраша. Не му одговори со зборови ни другиот ден. Ја измачуваа многу прашања.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ја наведнав главата, нема што да препрашувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Набрзина, намерно, таа го препраша дали да ја прифати поканата од Хелвиг да оди во Германија. Да се сретне со детето.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И, жените, наопаку ги препашуваме скутините, наопаку ги врзуваме шамиите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кај што се мора, не се препрашува. 3.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Иако тој не растрчуваше повеќе, иако не ги прогонеше со препрашувањата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мораше да му верува на Танаско за тежината, само не кажа во врска со што ѝ го споменал името и не препраша оти пак не сакаше да ја растура тежината што останала во Танаско.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Што може тука да направи една обична коала Воспитана во духот на здраво сонување на долги патеки Освен да грицне малку еукалиптус Уште еднаш самата да се препраша
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Почна да трча од одделение до одделение, да душка како загар, проклет да бидам, како загар, да се загледува во секое лице со таков израз како да препрашува: - Ти, скоте, тука ли си, во стројот, !
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И во црна футрола? - препраша.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)