престилка ж.

престилка (ж.)

Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не заборави, миличка по секоја несреќа среќата заблескотнува како шарена престилка од мугра!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Им се радувам како што им се радував на бонбончињата што знаев дека ќе ги добијам од „волшебниот“ џеб на престилката од баба ми кога ни доаѓаше во посета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На истото прашање, самиот одговара: „Ја гледам мојата баба како долго, долго си ги брише прстите од престилката пред да ја земе во рацете мојата ученичка книшка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сѐ уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Камилски ја поздрави, не заборавајќи да ѝ бакне рака откако таа ја избриша од престилката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Барајќи го другиот, тие пак се качиле во домот на Мишел и клетиот човек го нашле како, облечен во престилка и со чинија и салата в раце, се преправа дека е готвач на француското семејство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Извади под црната престилка три стуткани банки и една по една ги премести од едната рака во другата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред него стоеше еден студент, со калфинска престилка и раце со кал, а како да стоеше некогашен затвореник со количка претоварена за слабечките мускули.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Со Сотир ги растевме заедно овие кокошки... - рече и кревајќи ја престилката, си го избриша едното око, - многу сакаше да јаде пилешко.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Членовите на комисиите, како бабата на Хандке, долго, долго ги бришат своите прсти од престилката откако ќе ја стокмат манџата од сите можни елементи што ја чинат невкусна, всушност, пресолена или презакиселена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој остануваше да лежи во својот кревет, неподвижен со часови, со денови, со недели, гризејќи ги марамчињата, престилките, и крпчињата кои ги имаше собирано под својата перница. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Малечката Сарахсвати Бисвоками свиена во темен подрум, Темнина... лоша реа на сламена престилка, со насолзени очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе