престол (м.)
Во годината четиристота царот Јуан го обиколи својот престол со Големиот Ѕид. Земјата беше зелена од дождовите, наближуваше жетвата, мир владееше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Македонија го крепи Урошевиот престол и македонскиот големец крал Волкашин е главниот советник и десна рака на Уроша.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сјајот на скапоценостите во нив засенува на секој чекор и човек би помислил дека падишасите се натпреварувале еден со друг своите престоли да ги искитат со повеќе злато, дијаманти, смарагди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој помага, искусиле луѓето, секогаш кога се гради и кога се дига, се разбира додека внимаваш да не ја кренеш градбата превисоко и да го повредиш неговиот престол.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога светот стои во место кога лудаците остануваат на престол кога тешко се стига до вистината стиховите ја мрдаат жабокречината Кога доблеста знае да кризира и душата со чемер тетовира кога љубовта знае да девалвира вистината на хартија се гравира Проклетници одземаат живот ѕверовите се грабаат за имот лудаците го убиваат мирот стиховите сведочат на листот Лудаците сепак умираат ѕверовите во пекол заминуваат карактери и луѓе се менуваат а стиховите на лист остануваат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Логотетот сосема се смурти, тропна со ногата пред престолот и рече: „Веднаш да се свика советот! И пред мене да се изведе дрзникот!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Во градите - Светлината. Ја чувам. Таа таи, молчи, И сака да ме устоличи На престолот: Убавината, Од која сум и начнат Од таа стрена-фреска зрачна Бликната од ѕидот и привидот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
На врвот: карпести ѕидини , тврдина поставена на голема височина, во која сѐ има свое значење: Секој карпест стол или престол е направен со посебна цел.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
По демонстрациите организирани на 27 март 1941 година, бил извршен воен државен удар, со кој на престолот бил донесен малолетниот крал Петар II Караѓорѓевиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
28. ГЛЕДАШ ОРЕВ, СКРШИ ГО, А ОНО ТАМУ ПРАЗНО МЕСТО - исушена внатрина гледаш како долга ноќ без зора, ниту црвот, што е црв, не би сакал за свој престол да има орев така шуплив, макар бил со тврда кора...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни.
(Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И потем раскажа случка дека во некое ино време, некој бедник, што украл скапоцености од палатата на Царот, не ги сокрил во својата бедна колиба, туку под престолот на Царот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас се обидов престолот Божји да го урнам, да го изместам, средето во кое рамнотежата му е поставена да го поместам; но за тоа кога времето ќе дојде, о, бедни и блажени духом слабим.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Седнат на златниот престол во најсвечена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапоцени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Логотетот се поткашла, се помести на престолот и го погледна Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)