пригоди (св.)
И сега пак така. Како тогаш. Не знаеш како да му се опулиш, како да му речеш, како да му пригодиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тешка си, а нема кој да те одмени: треба готвение да се направи, да се усучи нешто, да се меси. Да се пригоди, да се стори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога си дојдоа, жена му влезе внатре да пригодува за спиење, а тој остана во дворот. Не може уште да си ја смири возбудата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Така, рече тој, поарно да си се пригодува со време човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)