приоритетен (прид.)
Потоа Камилски го претстави изборот на приоритетните турцизми според меѓусебниот договор, запирајќи на потеклото, на поранешната и сегашната присутност во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тој, сепак, мислеше дека нив ги очекуваа поприоритетни прашања, кои ги актуализираа нивните обединети книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Рацете одамна не се секси приоритетни се градите, пирсаните папоци, депилираното меѓуножје, евентуално прстот во уста. (сигурно користел хендс фри оној што се запрашал каков е звукот на плесокот со една рака)
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Во војна културата не е на приоритетно место, природно, знам, не се бунам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
XV Долго време Климент Камилски и Татко до доцна во ноќите, но неретко и до утрини, во нивната стратегија за спасувањето на детето на Балканот, односно и нивните чеда и потомци, по задлабоченото и меѓусебно реферирање за книгите кои беа донесени од Париз за балканските јазици и јаничарството, не можеа конечно да се согласат која тема од овие две ќе биде приоритетна во нивното разгледување.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Наше приоритетно барање е комплетирајте една полска болница. Сите дополнителни потреби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Брзавме со Бешир кон Картагина. Палестинското прашање стануваше приоритетно за САД, Франција, неврзаните земји!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше други приоритетни задачи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа придонело за формирање на нов слој меѓу населението - македонска буржоазија која како приоритетна потреба го истакнала јазикот, потоа писменоста итн.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)