присобере св.

присобере (св.)

Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе присоберевме некоја корпа колку да се рече дека нешто сме направиле.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пари немаше и поднесе молба делото да не се става ад акта додека за извесно време не присобере пари за да вложи кауција.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најчесто, кога Татко ја напушташе библиотеката, таа влегуваше речиси нечујно за да го присобере правот, да ги проветри книгите со свежината што продираше од реката, преку отворените прозорци на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги присобра уште ситните деланки кашкавал, што беа останати во крпата, во која еднаш имаше цела полутина од питата, а после го донесе тука и шеќерот, што беше преостанат во една метална кутија и реши дека сета таа храна може да му стаса сила-сила за уште два полугладни дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Влезе. Полека ја затвори вратата на крчмата и се присобра во еден агол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од православните нека ги присоберат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И магарето и козата се вратиле во пондилата. И кокошките во дворот се присобрале - претаат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Санџак-бегот ја присобра со бастунот книгата што му лежеше на миндерот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш, сѐ уште во нив има живо месо.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се присобра и продолжи: – Сал трошка недостасуваше па да ве загубам засекогаш, чеда мили. – Што се случи, Мајко? – прашавме сите во еден глас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Абе здравје за некоја година, да присоберам пари, па ќе земиме нешто ПОГОЛЕМО.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш крилјата, полетај Ема, поведи го јатото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прибери си повеќе дрвца, солца, боринка присобери, и без тутун не оставај се, оти што знаеш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Всушност, и тогашната дипломатијата беше заложник на Титовиот ореол и требаше да се присоберат трошките преостанат југословенски идеал за да се најде смислата на невозможната мисија во одбраната на земјата, која беше однатре контаминирана од латентниот синдром на национализмот на побројните нации, распнати меѓу западниот (про австро-унгарскиот) и источниот (византиско-отомански) јаничаризам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Молежлива, блиска, маѓепсничка и волшебна, умилна, заносна и ожална, ту гласна ем тивка, мека и смирувачка, страстна и вдахновена, побожна и трогателна, заводлива и нежна, радосна и слатка, ветувачка и измамничка, се разлева по ливадата песната на штурците, го преполнува воздухот, проникнува под секоја тревка, прекинува колку за да присобере здив и одново се разлева, одекнува, тече, се шири, се издигнува и лета и постојано без прекин и престан моли: - дојди - дојди - дојди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога селаните го осетиле огнот и отишле да видат, нашле само пеплиште од кое после ги присобрале коските и во еден гроб ги закопале при влезот на црквата, така подзастануваше и се прекрстуваше пред гробот на семејството на Герман Љушков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе