програм (м.)

Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ваквиот заклучок се наметнува без оглед на употребениот јазик за составување на описот, вклучувајќи ги тука и сите научнички јазици на математиката и компјутерските програми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Вистинскиот ризик во целата ситуација е земјата да не стане заложник на познатите егоцентрични етнички програми што отсекогаш ги играле политичките лидери на земјата“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакав да гледам и да слушнам за велосипедизмот на спортските програми на телевизијата, на радиото, но од медиумите добивав само скудни податоци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Човековото општество достигна точка на пресврт со делувањето на дигиталните програми на еволуција, точка во која следните еволутивни чекори на видовите ни стануваат очигледни, можеме да сурфираме по желба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Програмите на Двете минути омраза варираа од ден во ден, но немаше ниту една во која Голдштајн не беше главната личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бидејќи однесувањето не е секогаш предвидливо од листингот на програмот, имплементацијата на комплексни системи е на многу начини емпириски потфат сам по себе.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми успеа да активирам програм кој ги обединуваше сите останати.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но, тоа што ова тело функционира принудно и автоматски, под примат на програмите за одржување на видот, не значи дека функционира помалку правилно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој момент нему му се потребни програми од „високо-нивовска” визија кои ќе активираат перцептивни шеми кои содржат знаење за објектите што би можеле да се појават на фотографијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најголема дрога се нашите медиуми кои зрачат бетер и од Фукушима - изјави радиоконфузната Пудлица која ретко вршеше контрола на програми кои се препорачуваат за деца до 12 години за кој ни родител ни старател не можеше да им изврши надзор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тука беше секцијата за телевизиски програми, со нејзините инженери, продуценти и тимови од артисти специјално избрани поради нивната спсобност за имитирање на гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој случај, ендокрините програми и програмите на однесување се актуализираат во пубертетот независно од недовршената психичка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Програмот за машинска визија не е сѐ- или- ништо процес.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Иако програмот може да ги воспроизведува податоците, истражувачот сепак не може да биде сигурен дека тоа е и најкусиот програм, а ако податоците се доволно сложени не може да биде сигурен ни во тоа дали воопшто се доближил до најкусиот програм.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Познавањето на прецизно кодираното име на еден дигитален програм, му овозможува волшебно да биде претворен во егзистенција, трансцендирајќи го напорот на мускуларното и механичкото пребарување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Елоквентниот Месади, откако ја отвори свечената седница и го поздрави со избрани зборови врховниот борец Хабиб Бургиба, ги претстави и претседателите на дваесетина стари и нови партии, кои требаше да се претстават со своите нови програми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Профилот на политичката понуда искажан во партиските програми е директен одраз на политичките побарувања на избирачкото тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ренди гледаше некој спортски програм; тој беше воздржан, добро се однесуваше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе