прозаичен (прид.)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Откако ќе се изминат шеесетина прозаични километри, доаѓа средбата со Букурешт, за кој велат дека е „мал Париз“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сѐ уште халуцинирам, но изгледа премногу прозаично и иритира.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така и сега, наместо за чудесни пролетни трепети, треба да ви раскажам за едно старо, никакво палто. За палтото на мојот пријател Павле. Прозаична, здодевна работа!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)