прозападен (прид.)
Ги прогласуваа за југенди сите оние кои си ја сакаа својата земја, а оние кои ги бранеа правата на педерите беа прогласени за прозападни демократи.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Можеше лесно да биде обвинет за прозападна пропаганда, ширење капиталистички идеи...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)