прозен (прид.)
Вообичаената слика на поетското во прозата е неговата формална симулација, како што и вообичаената слика на прозното во поезијата е неговата наративна маска.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Смислата на оваа добро организирана хибридна прозна белетристика се потпира и врз наклонетоста на авторот кон сентенциозности.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
12 Нешто слично се случуваше и кај нас: основните поттици што можеа да се најдат во прозното творештво пред една литература во нејзиниот синхрон миг на раѓање и на подем, беа инспирациите од фолклорот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Неисе. Сепак и сепак, оваа прозна реч е нешто поинакво или нешто повеќе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Познат српски прозен писател, историчар на српската книжевност на XVII–XIX век, стручњак за барокот и за симболизмот, преведувач на Пушкин и на Бајрон, универзитетски професор и член на Српската академија на науките и уметностите од 1991 година.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР е неисцрпна ризница на сижеа и мотиви за најразновидни поетски и прозни умотворби.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој многу се восхитувал на прозното дело на Гете, „Страданијата на младиот Вертер“ (кое истиот го напишал само за четири седмици оти постапил според природата во себе).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Појавата на оваа прозна книга е овозможена со љубезната поддршка од повеќе исклучителни личности.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Поетската диспозиција на младиот автор се одвива напоредно со изразитата смисла за откривање на такви животни вистини за кои до Живко Чинго во нашата прозна книжевност како да немаше доволно место.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Со тој вид на литература тој се користеше, може да се каже, експериментално: во 20-ите години кон таа форма се обрати Набоков- поетот, а во 30-ите - Набоков - прозниот писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
По скромната Темплум- книгичка (пет антологиски раскази, но само пет...), „Маргина“ го објавува едниот од, според многумина, најубавите раскази на Кортасар, „Ракопис пронајден во џебот“, и плус неколку куси прозни цртички, за кои Кортасар беше мајстор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сега, кога книгата е обликувана, завршена и во конечното руво, доаѓам до сознание дека ако не ја напишев, ќе бев сиромашени лишен од големото задоволство да се почувствува изразноста на македонскиот јазик во прозен исказ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сетете се на комерцијалните спонзорирани ТВ програми за училиштата, на новата белетристика која колеџ-студентите ја сакаат бидејќи повеќе наликува на мрежа од слики отколку на прозен текст. 74 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)